Никола Митревски со екипата на Бенфика на домашен терен славеше против Мелсунген со 26-24, во натпреварот од 5.коло од групата на фаза во ЕХФ Купот. За португалскиот тим ова е четврта победа во петте одиграни натпревари со која се издвои на првото место на табелата во групата Д, со осум бода, два повеќе од второпласираниот Мелсунген. Зад нив на табелата се Анаитасуна со 4 бода и Кокс без бодови.
Македонскиот голман беше на голот на Бенфика во првото полувреме и запиша шест одбрани, а во вториот дел на голот на португалскиот тим го замени Хуго Фигуеира.
Дуелот во Лисабон го водеа македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Во другите денешни натпревари од групната фаза во ЕХФ Купот беа постигнати следниве резултати: Макаби Тел Авив – Татабања 20-24, ГОГ – Ст.Рафаел 28-32, Магдебург – КИФ Колдинг 36-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА