Митревски со порака: Пример за младите дека со труд и упорност – се е можно

Никола Митревски брани во извонредна форма и на стартот на оваа натпреварувачка сезона во која искусниот голман е клучна фигура во редовите на Е. Пелистер како на домашната сцена така и во Лигата на Шампионите.

Тој сосема заслужено ја доби наградата за најдобар ракометар во изборот на фановите преку социјалните мрежи, а одличниот чувар на мрежата токму својот фејсбук профил испрати благодарност за добиеното признание.

„Викендот беше чест да се биде дел од возобновената ракометна манифестација, Ракометари на Македонија 2025, организирана од Ракометната федерација. Ви благодарам на сите за поддршката којашто ја добив за избор за најдобар ракометар според навивачите за сезоната 2024/25.  Ова признание ми е поттик да продолжам да работам уште понапорно, да се усовршувам и да бидам пример за младите спортски надежи дека со труд, упорност и срце – сè е можно“, објави Никола Митревски.

Се вчитува...