Митревски со последен поздрав до Квинтана: Фала ти за се, почивај во мир…

Никола Митревски мина половина година во Порто, доволно време за да развие огромно пријателство со Алфредо Квинтана. Македонецот и Кубанецот со португалски пасош минуваа многу време заедно како голмански тандем на Порто, па јасно е колкав е шокот кај Митревски по трагичната смрт на соиграчот.

Нашиот интернационалец вечерва се јави со порака на својот инстаграм-профил, последен поздрав до големиот пријател.

„Почивај во мир, Гранде Квинтана… Ти благодарам за се…“, напиша Митревски.

Се вчитува...