Митревски: Треба да извлечеме поука од болниот пораз со Грција

Македонските ракометари од денеска се на собир и размислуваат и се подготвуваат за Мундијалот во Германија и Данска. Голманот Никола Митревски вели дека треба да се извлече добра поука од поразот со Грција во Кожани, што долго ќе не боли. За среќа, сепак успеавме да се најдеме на Светското првенство.

„Треба да одиме натпревар по натпревар, ден по ден. Имаме доволно време, две и пол недели за да се подготвиме. Треба да извлечеме поука од болниот пораз од Грција, да ги поправиме слабостите и да се покажеме во најдобро светло. Да победиме против Јапонија па да одиме натпревар по натпревар. Да бидеме здрави и да не ни се повредуваат некои од клучните играчи како што ни се случувало. Со новиот систем поминуваат три репрезентации, стесенет е кругот, но мислам дека амо поминеме во вториот круг е повеќе отколку да сме во осминафинале. Не можеме уште сега да кажеме дека е клучен натпреварот со Исланд. Не би потценил никого, не смееме предвреме да пресметуваме бодови. Со перфектен ден можеме да добиеме секого, па и Хрватска и Шпанија, можеме да се носиме со било која селекција“, вели Никола Митревски.

Македонскиот национален тим ќе има и две контроли со Србија во подготвителниот период.

„Сме играле и претходно со Србија. Добар избор за противник е поради тоа што нема замор од патувањето. Двомечот со Србите ќе биде добредојден. Подмладени сме, тоа е факт. Со тоа што е подмладена репрезентатицијата паѓа и искуството, но секој треба да си постави цел, да се покаже  во најдобро светло и да го даде максимумот“, порачува еден од четворицата голмани кои се на списокот на селекторот Раул Гонзалес.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...