Македонскиот фудбалски интернационалец Ристо Митревски и следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Хаифа. По одличните игри на Митревски во изминатиот шампионат и успехот што клубот го оствари освојувајќи го Купот на Израел, двете страни се сложија за продолжување на соработката.
Ристо Митревски претходно беше на печалба во Хрватска и настапуваше за Истра, од каде доби понуда за да ја продолжи кариерата во Израел. За Митревски тоа е деветти клуб во кариерата. Претходно дефанзивецот настапуваше за Металург, Доњи Срем, Сараево, Тетекс, Напредок, Победа, Работнички и за Истра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА