Ракометарите на Е. Пелистер ја прекинаа долгата серија порази во Лигата на Шампионите, откако на домашен терен стигнаа до реми против Спортинг Лисабон, тим што беше со стопроценетен ефект до доаѓањето во Битола.
Еден од најзаслужните дефинитивно е и голманот Никола Митревски, кој одбрани неколку важни удари во завршницата…
„Ова беше тежок натпревар против една полетна екипа која газеше се пред себе. Тие даваа по 40 гола на натпревар, ние успеавме да ги задржиме под 25, што не е мала работа. Водевме во поголемиот дел од мечот, на крајот спасувавме бод, но пресреќни сме што успеавмево тоа. Направивме голем пресврт бидејќи верувавме, знаевме дека можеме и дека е дојден моментот да се стави крајна серијата…. Кај нас секогаш имало и ќе има голема желба за победување во ЛШ, се надевам дека наскоро со навивачите ќе го прославиме и првиот триумф во елитното европско натпреварување“, истакна Митревски
„Пелистерци“ не почнаа според очекувањата ниту на домашната сцена, веќе имаат еден пораз (од Вардар), но искусниот голман верува дека негативата ќе може да биде надополнета бидејќи ова сепак е само почеток на сезоната.
„Ова е рана фаза на сезоната и се може да се промени во периодот што следи. Она што е најважно е ние да бидеме на висина на задачата. Нема сомнеж дека приоритет е да се победува на секој натпевар, сезоната е долга, најпрвин во Супер-лигата, потоа и плејофот, но не сакам да размислуваме премногу далеку. Треба да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, таквиот пристап ќе ни го даде резултатот што сите го посакуваме“, оптимист е искусниот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА