Митревски за „ПРЕСИНГ“: „Имаме и ние свои ‘коњи за трка’ на ЕП – мотивацијата, македонскиот инает и срце!“ (ВИДЕО)

Филип Кузмановски и Никола Митревски, гостувајќи во најновната епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, сосема очекувано се осврнаа и на престојното Европско првенство 2026 кое за Македонија стартува утре со дуелот против Данска од 20:30 часот во Хернинг.

Најискусниот во македонската репрезентација, Никола Митревски верува дека Македонија има свои адути кои може да ги искористи за да дојде до евентуално изненадување на шампионатот.

„Знаеме дека Данска е фаворит против било која селекција и главен фаворит за освојување на Европското првенство. Играат на домашен терен пред 14-15.000 Данци во Хернинг. Португалија е фаворит против нас, но може да се игра против нив. Ќе се обидеме да дадеме сè од себе и повторно да направиме некое мало изненадување. Бидејќи и ние имаме свој квалитет, постои искуство во нашите редови, можеби и повеќе од Португалците. Имаме свои „коњи за трки“, кои што можеме да ги искористиме – а тоа се мотивацијата, нашиот инает, срце за победа… После тоа не очекува и Романија, која што не е воопшто за потценување. Доста вложуваат во ракометот. Не би ги отпишал така лесно и нив. Но, ќе повторам имаме ни свои адути“ – вели Митревски.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО НИКОЛА МИТРЕВСКИ И ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА…

Се вчитува...