ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација идентично како и на претходното Светско првнество, актуелниот Mундијал го заврши на 15. позиција. Ова откако во последниот натпревар го победи Чиле.
„Не одигравме добар натпревар, но најважен е резултатот, најважно е да се заврши со победа, пресуди искуството, тоа што голем дел од нашите играчи настапуваат во Лигата на шампионите. Беше тешко, оваа победа значи и за нас и за играчите што доаѓаат во следниот период, на овој начин треба да собираат искуство“ – изјави по натпреварот, голманот на националниот тим Никола Митревски.
Трите победи на нашиот тим беа против нееевропски селекции, а Митревски смета дека македонскиот состав солидно се борел и против европските противници.
„Четирите натпревари со европски репрезентации ги одигравме солидно, поради замор имаше пад на концетрација, сепак игравме против големи екипи, европски и светски шампиони и тие порази не се страшни. Важно е што младите играчи добија искуство за понатаму во кариерите“ – вели Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА