Александар Митровиќ долго притискаше за трансфер во Саудиска Арабија, но оваа опција пропадна откако Ал Хилал во меѓувреме се откажа од намерата да го доведе српскиот голгетер од Фулам во своите редови.
Србинот во меѓувреме се приклучи на подготовките со остатокот од екипата, но сега повторно е актуелно неговото заминување од Фулам, откако Интер реши да тргне во офанзива за да го осигура потписот на Митровиќ. Актуелниот европски вицепрвак летово остана без Лукаку и Џеко, двајца корпулентни напаѓачи, а Митровиќ е токму таков профил на играч, кој би бил идеален партнер во нападот за Лаутаро Мартинез.
Првата понуда на Интер изнесувала 35 милиони евра и била експресно одбиена од Фулам, со напомена дека лондонскиот клуб одбил далеку повисок износ во преговорите со Ал Хилал. Италијанските медиуми сепак најавуваат дека Интер нема намера да се откаже, туку наскоро ќе се врати со нова понуда, се со цел што поскоро да го комплетира доаѓањето на српскиот репрезентативец на „Џузепе Меаца“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА