„Митрогол“ нема намера да запре – со два гола го предводеше Ал Хилал до полуфинале (ВИДЕО)

Српскиот интернационалец Александар Митровиќ го постигна и 23 гол на 22 настапи за саудискиот клуб Ал Хилал откако во четвртфиналето од тамошниот Куп против Ал Тавоун со два гола го предводеше својот тим до место помеѓу најдобрите четири екипи.

Митровиќ го отвори натпреварот со гол во првата минута од судиското продолжение, а потоа со глава стрелаше и за вториот гол и тоа на асистенција на неговиот сонародник Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Ал Хилал победи со 3-0, а последниот гол беше дело на Малколм.

Се вчитува...