„Митрогол“ шоу во азиската Лига на шампионите – хет-трик со „ножички“ на Србинот (ВИДЕО)

Ал Хилал за кој настапува и српскиот интернационалец Александар Митровиќ забележа убедлива победа од 6-0 против Мумбај Сити во азиската Лига на Шампиони, а Србинот го предводше својот тим со хет-трик.

„Митрогол“ стрелаше во 5, 67 и 80. минута одбележувајќи го хет-трикот со фантастична атракција. Србинот одлично се позиционираше во шестнаестникот, а нафрлувањето го „реши“ со „ножички“ на големо задоволство на навивачите.

Се вчитува...