Македонскиот борач Дејан Митров за малку остана без медал на Светското првенство кое денеска стартуваше во Белград, Србија.
Митров во категоријата до 79 килограми дојде до позиција да се бори за медал, но не успеа да го мине репасажот губејќи од Сапармирадов од Туркменистан. Претходно славеше против Унгарецот Вида со 3-2, а загуби од Буроу од САД со 12-1 во осминафиналето.
Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми почна со победа во квалификациите, но во 1. коло загуби од Порториканецот Круз со 3-0. Фати Весели загуби во квалификациите во категоријата до 70 килограми од Рамазанов од Бугарија со 7-4.
Утре, според програмата на шампионатот, ќе настапат и последните двајца македонски репрезентативци Нуров, кој е и кандидат за медал, како и Алили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА