Светското првенство во Русија веќе го окупира вниманието на светската спортска јавност, а кај нашиот северен сосед најмногу се размислува за дуелот со Швајцарија, кој ќе се одигра на 22.јуни во Калининград. Дел од швајцарските репрезентативци истакнаа дека ќе бидат посебно ’напалени’ против Србија, поради нивниот спор со Косово. Во ваквите изјави најмногу се истакна Џердан Шаќири, кој рече и дека ќе носи копачки со косовско знаме, а сега доби одговор од српскиот репрезентативец Александар Митровиќ.
„Мене тоа многу не ме интересира, ама кога се расфрлаат со такви изјави, имам една дилема. Зошто се гордеат со знамето на Косово, а ваму играат фудбал за Швајцарија? Тоа доволно говори за нив, бидејќи ако толку го сакаат Косово, тогаш треба да објаснат зошто играат за друга репрезентација. Сепак, знам дека Шаќири е добро момче и дека натпреварот ќе биде фер. Нивно е да си носат копачки какви што сакаат, а наше е да одиграме најдобро што знаеме“, изјави напаѓачот на Србија, Александар Митровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА