Митровиќ и Меси ја тресеа мрежата во спектаклот од седум голови меѓу Ал Хилал и Интер Мајами

Саудискиот клуб Ал Хилал и американскиот Интер Мајами доиграа пријателски натпревар во Ријад во кој не недостасуваа голови. Напротив, актерите на спектаклот седум пати ја тресеа мрежата, а на крајот на победа од 4-3 се радуваше домашниот состав.

Преку Александар Митровиќ и Ал Хамдан, Ал Хилал стигна до предност од 2-0 уште до 13. минута, а Суарез со гол во 34. минута намали на 2-1. До крајот на првото полувреме за домаќините мрежата ја затресе и Мичел за предност од 3-1.

Преку реализацијата на Меси од белата точка и голот на Руиз на асистенција на Аргентинецот, Интер Мајами во само две минути успеа да изедначи на 3-3, а последниот гол на средбата беше дело на Малком кој постигна гол во 88. минута.

Се вчитува...