Митровиќ: Им останавме должни на мечот во Лисабон, па тоа го поправивме во Скопје

Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа на домашен терен против Бенфика од 33-27 во натпревар од третото коло од главната рунда во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.

По синоќешниот меч свое мислење даде и бекот Урош Митровиќ…

„Им останавме должни по мечот во Лисабон и ете успеавме сега да им се реваншираме тука во Скопје и да победиме со резултат кој ни требаше за да имаме подобар пласман во следниот меч. Нашата предност беше добрата игра во одбраната. Се почнуваше од неа и ни даваше дополнителна самодоверба“, изјави Митровиќ. 

Се вчитува...