Митровиќ: Кога игра Ѓоковиќ подготвен сум да се тепам и со моите соиграчи

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ откри како за малку ќе се пресметал со соиграчите поради Новак Ѓоковиќ.

Напаѓачот на Фулам раскажа исклучително интересна анегдота за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Тој откри дека натпреварите на Ноле ги доживува исклучително емотивно и дека за време на епското финале на Вимблдон во 2019 година за малку ќе се пресметал со соиграчите од Фулам за српскиот ас.

Имено, Митар го следел епскиот меч со Федерер во Лондон во друштво на соиграчите и речиси сите навивале за Швајцарецот.

„Во Англија, за Ѓоковиќ, сакав да се тепам. Бев на прагот да се тепам кога беше  финалето на Вимблдон против Федерер. Го гледав со 30 играчи и целиот стручен штаб, а само јас и еден голман од Шпанија бевме за Ѓоковиќ, сите други за Федерер. Колку малку фалеше да се степам со сите нив“, откри Митровиќ.

Се вчитува...