Митровиќ: Никогаш не се откажав, останав мирен и верував

Српскиот интернационалец Александар Митровиќ е херојот на Фулам во 3. коло од Премиерлигата. Корпулентниот голгетер со гол во 90. минута донесе победа на лондонскиот тим во дерби натпреварот против Брентфорд и го искачи својот тим на четвртото место на табелата.

По натпреварот Митровиќ не го криеше задоволството од голот и победата велејќи дека не ја изгубил вербата дека ќе ја затресе мрежата и по промашените обиди.

„Чувството е неверојатно. Мислам дека беше добар дерби натпревар. Многу голови, многу пресврти, а на крајот успеавме да дојдеме до победа. Сами себе си си ја отежнавме работата, а на крајот успеав да постигнам гол отккако промашив две шанси“, изјави Србинот кој го пофали и противничкиот голман.

„Ми ја отежна работата. Промашив, играв во подеми и падови, но никогаш не се откажав. Останав мирен и верував“.

Се вчитува...