Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ е пред можна преселба во редовите на Фенербахче, пренесува турски „Фанатик“.
Од Фенербахче веќе почнале контакти за ангажман на Митровиќ за кого постои интерес од серија европски клубови. Во моментов настапува за Ал Хилал во Саудиска Арабија, но Турците велат дека Фенербахче ќе пружи максимален ангажман за да го доведе во своите редови во јануари 2025.
Најголема пречка на патот да го добијат српскиот напаѓач, секако се финансиите ако се знае дека во Ал Хилал заработува огромна плата која Фенербахче не може да си ја дозволи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА