Митровиќ по промашената „паненка“: Изгледа сум само глупав човек

Александар Митровиќ беше стрелец за Србија во значајната победа над Црна Гора, но голгетерот на Фулам се посрамоти пред крајот на првото полувреме. Србите добија пенал на подарок, а Митровиќ се обиде да шутира со „паненка“, но биеше пресилно и топката заврши над гредата.

„Да бидам искрен, не знам ни самиот што направив. Во последен момент ја сменив одлуката, синоќа го гледав Депај како шутираше и најверојатно затоа се премислив. Не знам, изгледа сум само глуп човек, повеќе глуп отколку силен“ – истакна Митровиќ.

Тој потоа имаше уште една стопроцентна шанса, но црногорскиот голман го запре неговиот обид.

„Не знам, можеби Бог ми кажа… сакаше паненка, е сега нема шанси да дадеш втор гол. Вообичаено тие топки завршуваат во мрежата, но и голманот на Црна Гора добро одбрани“ – порача предводникот на нападот на српската репрезентација.

Се вчитува...