Митровиќ побара да го напушти Фулам за да оди во Саудиска Арабија

Саудиските милиони не го заобиколија и одличниот напаѓач на Фулам и српската репрезентација Александар Митровиќ. Митрогол добил понуда од Ал-Хилал, и тоа одлична понуда која самиот фудбалер сакал да ја прифати, но Фулам засега одолева и не сака да чуе за трансфер на својот најдобар голгетер.

Ал-Хилал наводно му нуди 25,5 милиони фунти за Митровиќ, а истиот тим даде 40 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, па Србите можат да станат и соиграчи.

Минатата сезона Митровиќ даде 14 голови, со кои беше еден од најзаслужните за останувањето на Фулам во Премиерлигата. Тој веќе ги известил челниците дека сака да замине во Саудиска Арабија. Инаку засега не е познато колку ќе заработува голгетерот во својот можен нов клуб.

Се вчитува...