Александар Митровиќ најверојатно ќе се врати во Премиерлигата ова лето, пренесуваат англиските медиуми.
30-годишниот напаѓач постигна 68 гола на 79 настапи за Ал Хилал откако се приклучи од Фулам во 2023 година за сума од околу 50 милиони фунти. Ал Хилал во моментов е фокусиран на доведување засилувања бидејќи се обидува да потпише големи имиња пред Светското клупско првенство, но исто така ќе треба да продаде некои ѕвезди за да остане во рамките на правилото за странски играчи.
И, додека Бруно Фернандеш ја отфрли понудата од сто милиони, гигантот од Ријад работи на договор за да го доведе Виктор Осимен, кој е отворен за трансфер во Саудиска Арабија.
Дури се зборува во Саудиска Арабија дека Кристијано Роналдо би можел да биде позајмен на Ал Хилал за Светското клупско првенство.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Роналдо, исто така, преговара за двегодишно продолжување на договорот со Ал Наср.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

