Митровиќ се враќа во Европа?

Најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, Александар Митровиќ наскоро би можел да се врати на европската сцена во, за многумина, изненадувачки трансфер.

Како што пренесува турската НТВ Спор, Митровиќ е на чекор од договор со Фенербахче, клуб кој летово тргнува на големи промени под водство на Жозе Мурињо.

Според истиот извор, Митровиќ веќе разговарал со двајца играчи кои одлично ги познаваат Истанбул и Фенер – неговиот соиграч од репрезентацијата Душан Тадиќ и искусниот Един Џеко. Преговорите меѓу Митровиќ и клубот од стадионот „Шукру Сараџоглу“ влегоа во завршна фаза, а епилогот се очекува многу брзо.

Се вчитува...