Митровиќ се враќа во Европа, следна дестинација – Истанбул

Епизодата на српскиот напаѓач Александар Митровиќ во Катар би можела да заврши по само четири месеци. Ал-Рајан е подготвен да го продаде 31-годишникот по само три одиграни натпревари, а сè укажува на фактот дека Србинот нема да биде дел од клубот уште долго.

Според информациите што доаѓаат од Турција, гигантот од Истанбул, Фенербахче сака да го донесе Митровиќ во своите редови. Тие веќе почнаа со преговори за реализација на трансферот. 

Членот на Извршниот одбор на клубот, Ертан Торуногулари, отпатува во Доха на средба со Митровиќ. Тие ќе му понудат соработка, а Србинот треба да одлучи дали ќе ја прифати, и со тоа да се врати во Европа. 

Се вчитува...