Митровиќ: Штета што требаше да примиме гол за да живнеме

Српскиот капитен Александар Митровиќ не го криеше разочарувањето што нашиот северен сосед не успеа да избегне пораз на дуелот со Англија на премиерниот дуел од ЕВРО 2024.

„Орлите“ платија за слабиот почеток на мечот во кој го оставија противникот целосно да доминираа, во тој период го примија и голот на Белингем што се покажа клучен за конечниот исход на натпреварот.

„Мислам дека одигравме добар натпревар. Покажавме заби, штета што требаше да примиме гол за да живнеме. Во второто полувреме излеговме уште подобри и похрабри. Треба да сме горди на начинот на кој игравме, недостигаше само гол, мислам дека заслуживме и нешто повеќе од овој натпревар. Овој пораз не менува ништо, кратко опоравување и веднаш почнуваме со подготовките за Словенија и за Данска“, изјави Митровиќ по мечот.

Се вчитува...