Митровиќ со шокантен трансфер: Солскјер инсистира да го врати во Европа!

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ се враќа повторно на европскиот фудбал. Митровиќ е главна желба на турски Бешикташ за следната сезона, објави еден од највлијателните турски медуми „Фотомач“.

Наводно, Бешикташ веќе започнал преговори со Ал Хилал околу трансферот на капитенот на српската репрезентација. Планот на црно-белите од Истанбул е следната сезона сериозно да ги одмерат силите со Галатасарај и Фенербахче, во директна битка за титула.

Се додава дека шефот на стручниот штаб на тимот, Оле Гунар Солскјер, инсистира на доведување на 30-годишниот напаѓач.

Митровиќ оваа сезона постигна 14 гола на 17 натпревари.

Се вчитува...