Митровиќ трагичар, по стапките на Микел Артета

Шефилд Јунајтед и Фулам одиграа нерешено, 1-1, во меч што мина во знакот на Александар Митровиќ. Српскиот голгетер беше трагичар на гостинскиот тим откако најпрвин промаши пенал при 0-0, а откако Фулам дојде во водство преку Лукман, Митровиќ со неспретен старт во сопствениот шеснаесетник направи пенал што Шарп го претвори во израмнувачки погодок за Шефилд.

Србинот имаше можност во самиот финиш повторно даа стане херој, но од одлична ситуација од пет-шест метри со глава биеше крај голот.

Александар Митровиќ е првиот фудбалер по пауза од осум години што на ист премиерлигашки натпревар најпрвин промашил пенал за својот тим, а потоа направил прекршок за пенал за противникот. Последниот што го направил тоа е сегашниот стратег на Арсенал, Микел Артета, тогаш како фудбалер на „топчиите“ при ремито од 3-3 против Фулам.

Се вчитува...