Александар Митровиќ е трагичарот за Србија откако го промаши одлучувачкиот пенал во последната петта серија, по која Шкотска се пласираше на Европското првенство. Во регуларниот дел од мечот Шкотска поведе преку Кристи во 52. минута, додека Србија ја спасуваше Лука Јовиќ во 90. Во продолженијата мируваа мрежите по што натпреварот замина во пенал рулетот. До петта серија и двете репрезентации погодуваа, а на крајот трагичар беше Александар Митровиќ кој не го реализираше пеналот во последната серија.
Словачка успеа по продолженија да стигне до триумф над Северна Ирска со 1-2. Словаците поведоа преку Куцка уште во 17. минута. Репрезентативците на Северна Ирска израмнија во 88. минута со автоголот на Милан Шкринар, по што натпреварот замина во продолженија. Херој за Словаците беше Дурис кој со голот во 110. минута ја одведе Словачка на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА