Иднината на Александар Митровиќ се уште е неизвесна, откако српскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека сака да се пресели во Ал Хилал, но неговиот клуб Фулам не сака ни да чуе за продажба на својот најдобар стрелец.
Само неколку дена откако Ал Хилал го доведе Сергеј Милинковиќ Савиќ вниманието беше целосно насочено кон Митровиќ, со кого експресно беа договорени личните услови. Проблемот настана кога почнаа преговорите меѓу клубовите, во кои Фулам јасно стави до знаење дека не сака да се раздели од Митровиќ. Разговорите почнаа за сума од 20 милиони евра, потоа Ал Хилал ја качи понудата на 40 милиони евра, но Фулам во меѓувреме побара 60 милиони, пари што ниту богатите Саудици немаат намера да ги платат.
Србинот е бесен и наводно веќе им кажал на блиски пријатели дека „никогаш повеќе нема да игра за Фулам“, но се уште нема поднесено официјално бараање за трансфер. Тој се појави на стартот на подготовките на својот тим, но се очекува тензијата да расте во наредните денови, поради очигледната желба за заминување од „Крејвен Котиџ“ и потпишување на богат договор во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

