Митровиќ за мечот во Тирана: Не беше убаво ниту за гледање, ниту за играње

Српската репрезентација по голема борба успеа да стигне до бод на гостувањето во Тирана, меч што го одбележа цврст фудбал без премногу креација на двете страни.

Голманот Петровиќ беше српскиот херој со одбранетиот пенал пред крајот на првото полувреме, додека капитенот Александар Митровиќ потенцираше дека мечот бил исклучително тежок з аиграње.

„Искрено, не беше убаво за гледање од страна, уште потешко беше за играње на терен… Сепак, задоволни сме што стигнавме до еден бод на ова тешко гостување, одиме напред… Пред се, сакам да кажам дека сум задоволен од бод, кога е 0-0 и противникот ќе промаши пенал, мораш да бидеш задоволен. Немаше квалитет, немаше шанси, се некои полушанси… сепак, ова е само почеток, има уште многу да се игра, сега треба да се насочиме кон следниот меч со Андора“, прокоментира Александар Митровиќ.

Се вчитува...