Митровски прави трансфер вреден еден милион евра

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски имаше сезона за паметење во дресот на Вараждин, откако нашиот ас не само што беше најдобар фудбалер во својот тим, туку и беше избран во идеалниот тим на сезоната во хрватскиот шампионат.

Добрите игри на Митровски беа забележани во фудбалските кругови во регионот, па се најавува дека Македонецот летово ќе направи милионски трансфер. Како што информира словенечкиот портал EKIPA.si, екипата на Олимпија планира да направи моќен тим за наредната сезона, а главно засилувње би требало да биде токму Митровски.

Гигантот од Љубљана е подготвен да плати еден милион евра на Вараждин за да го осигура потписот на македонскиот офанзивен играч за врска, што би бил најскап трансфер во историјата на Олимпија, уривајќи го досегашниот трансфер на Блесинг Елеке, кој беше потпишан за 800.000 евра.

Ако трансферот се реализира, со тоа би се израмнила и највисоката продажба на играч во клупската историја на Вараждин, ако се знае дека за еден милион евра хрватскиот клуб претходно го продаде и Тони Теклиќ во Трабзонспор.

Се вчитува...