Митровски: Предизвик е да се игра против Динамо, едвај чекам да се вратам на терен

Димитар Митровски, 26-годишниот македонски напаѓач и редовен репрезентативец, е еден од клучните играчи на НК Вараждин. Тој пристигна во клубот во летото 2023 година и оттогаш се етаблира како еден од најопасните напаѓачи на тимот.

Митровски во интервју за „Јутарњи“ зборува за предизвикот за враќање на терените, како и дуелот против Динамо Загреб. Тој поради повреда не беше во комбинација за натпреварите против Лихтенштајн и против Велс, но сега е подготвен за враќање на терените.

„ Враќањето од повреда е секогаш предизвик, но тоа, за жал, е дел од фудбалот и спортот. Се чувствувам добро, што е најважно и подготвен сум да дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели. Поминав еден месец надвор од теренот и ми беше многу тешко да не им бидам на располагање на соиграчите. Едвај чекам да се вратам на теренот“, изјави Митровски.

„Секој натпревар, особено против големите ривали, е можност да покажеме што можеме. Горд сум што сум дел од овој тим. Покажавме дека можеме да играме со најсилните. Најтешко е да се игра против Динамо Загреб, но ова е шанса да покажеме колку вредиме, и ќе дадеме се од себе за позитивен резултат“, рече Митровски.

Се вчитува...