Младата репрезентација на Македонија втор ден активно ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари со Казахстан и со Израел за пласман на ЕП.
„Не само овој прв натпревар со Казахстан, но сите натпревари до крајот на квалификациите ни се важни затоа што сакаме што повеќе бодови во битката за освојување на второто место“ – вели крилниот офанзивец Димитар Митровски, и дополнува:
„На гостувањето во Казахстан сакаме да го поправиме тоа што го загубивме во Скопје. Бевме многу подобри од нив на првиот меч, но ете киксиравме во финишот дозволувајќи им на Казахстанците да дојдат до бод. Тоа треба да ни каже дека се игра 90 минути под максимална концентрација. Со победнички став патуваме во Казахстан и верувам дека ќе ги освоиме трите бода“.
Македонија со Казахстан игра на гостински терен во четврток (8. октомври), а потоа на 13. октомври го пречекува Израел во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА