Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски донесе победа за Вараждин од 0-1 на гостувањето против Славен Белупо.
Митровски погоди во 62. минута од средбата за три бода на Вараждин.
Кај гостите во првиот тим настапи и Марио Младеновски одигрувајќи го целиот дуел. Митровски, пак, настапи до 82. минута од средбата. Во 88. минута во игра влезе и третиот Македонец во составот на Вараждин, Ване Јованов.
DIMITAR MITROVSKI'S GOAL FOR 0-1!
BIG GOAL IN THE 4TH PLACE BATTLE!#HNL #SLBVARpic.twitter.com/CBYJz4oHe0
— Croatian Football (@CroatiaFooty) April 22, 2025
Илија Нестороски не настапи кај Славен Белупо поради жолти картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА