Митровски стрелаше за пресврт победа на Олимпија против Радомље на Тренчовски (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Димитар Митровски беше еден од клучните играчи во победата на Олимпија Љубљана од 1-2 на гостувањето против Радомље, на чија клупа е македонскиот стратег Југослав Тренчовски.

Радомље играше одличен меч против фаворитот со водство од 1-0 се до 69. минута кога Димитар Митровски погоди за израмнување на 1-1.

А, во 84. минута за гостите погоди и Марин за пресврт победа од 1-2 на Олимпија Љубљана.

Се вчитува...