Репрезентативецот Димитар Митровски, ги искажа очекувањата од натпреварите во Лигата на Нации на македонската репрезентација, и првите два меча против Фарски Острови и против Ерменија.
Митровски кажа дека за националниод рес секогаш треба да се дава 200%.
„Целта е прво место во групата. Со Фарски Острови влегуваме како фаворити, но ќе биде тежок меч. Треба да се прилагодиме и на временските услови кои се поинакви. Треба малку да се адаптираме, после пауза секогаш е тешко. За националниот дрес треба секогаш да се дава 200 проценти. Секогаш е убаво да се даваат голови, но пред се победите се најважни“, изјави Митровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

