Искусниот македонски ракометар, Мице Шилегов во пролетниот дел од сезоната во Супер лигата ќе игра за ракометниот клуб Бутел.
Станува збор за искусен ракометар кој доаѓа од екипата на Вардар Неготино, каде што играше во есенскиот дел од сезоната и беше најдобар стрелец.
Некогашниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија потекнува од Металург, настапуваше за двата тима на овој клуб, а потоа собираше искуство низ настапите за Охрид, Голден Арт и Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

