Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра двомеч против актуелниот европски и светски шампион Норвешка, во ЕХФ еврокупот како дел од априлскиот прозорец.
Голманката на „црвено-жолтите“, Јована Мицевска пред мечот со силниот противник вели дека репрезентацијата на Норвешка е дополнителен мотив за неа и соиграчките.
„Играме против една многу силна и квалитетна репрезентација и сигурно дека не очекува многу тежок натпевар, во кој ќе гледаме да дадеме максимум. Мотивирани сме, макимално работиме и верувам во нашиот квалитет. Не е лесно да се игра против светскиот шампион, но на наша страна е мотивацијата и желбата за успех така што се надевам на добра игра. Нашата репрезентација од натпревар во натпревар се повеќе добива сигурност и стабилност и ќе дадеме се од себе тоа истото да го покажеме и против Норвешка. Можам да кажам дека како ракометна сила Норвешка ни дава дополнителна мотивација да се покажеме во најдобро светло. Имаме убава атмосфера во репрезентацијата и сметам дека можеме да играме против секого“, изјави Мицевска.
Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 19.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА