Женската ракометна репрезентација на Македонија со дуелот против Азербејџан на домашен терен, утре ќе ги стартува настапите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
Голманката на „црвено-жолтите“ Јована Мицевска вели дека првиот натпревар секогаш е најважен, а таа со своите колешки ќе дадат се од себе за победа.
„Имавме неколку дена за да се подготвиме за првиот натпревар против Азербејџан. Гледавме видеа и верувам дека сме подготвени бидејми знаеме со каква репрезентација ќе се соочиме. Првиот натпревар секогаш е најважен, и затоа мора да се покажеме во најдобро светло. Нормално целта е пласман на Европско првенства, така да треба да дадеме се од себе и со победа позитивно да го отвориме овој квалификациски циклус. Верувам во оваа репрезентација и сите очекуваме успешен натпревар против Азербејџан“, изјави Мицевска.
Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан кој ќе се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА