Најдобрата голманка во нашиот национален тим, Јована Мицевска, летово ќе ги смени клупските бои и ќе си замине од редовите на Ница. Мицевска како тинејџерка замина во овој клуб, за кој имаше и низа одлични настапи, но 22-годишната македонска репрезентативка се реши за нов предизвик во кариерата.
Како што информираа од раководството на Ница, Мицевска на крајот од сезонава ќе се пресели во Романија, каде ќе ги брани боите на екипата на Слатина.
„Јована, големото ракометно семејство на Ница ти посакува многу среќа во новата авантура“, објави Ница на официјалната фејсбук-страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА