Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра реми 25-25 против Турција во натпревар од 2. коло од Европското првенство кое што се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Една од најзаслужните за ова реми беше голманката, Јована Мицевска која натпреварот го заврши со седум одбрани, меѓу кои и таа во последната секунда. Токму оваа интервенција на Мицевска се најде во топ 5 на вчерашниот ден на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА