И Мицевски и Брдаровски ослободени од Вардар, во потрага по нов клуб

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, првата фаза минувајќи ја во својата база во Скопје.

Централните подготовки „црвено-црните“ ќе ги минат во Анталија од 18. јануари каде тимот ќе биде без двајцата свои искусни досегашни првотимци Дарко Мицевски и Владица Брдаровски.

Како што информираат од клубот на денешниот брифинг со македонските медиуми, со досегашниот капитен Мицевски е постигнат заеднички договор дека може да замине во друг клуб, додека Брдаровски е информиран дека е ослободен од обврските во Вардар и може да си бара нов клуб.

Се вчитува...