Вардар утре во 14 часот го пречекува тимот на Шкендија во 10. коло во Првата лига, што се смета за дерби, и покрај тоа што играат последнопласираниот и првопласираниот тим на табелата.
Капитенот Дарко Мицевски смета дека во некои други времиња овој дуел ќе беше одлучувачки за титулата есенски првак, но сега Вардар ќе се обиде да избега од опасната зона.
„Овој меч во некои други времиња ќе одлучуваше за есенски првак. Ние сме сега во битка за опстанок и се надевам дека ќе излеземе од оваа зона. Според мене нема да победи поквалитетниот, туку тој што има повеќе желба и ќе покаже повеќе карактер. Јас сум убеден дека натпреварот ќе бидеме на потребното ниво за клуб како што е Вардар, и ќе додадам само дека утре знаеме дека играме на домашен терен, мора да атакуваме на три бода, и тоа нема да се промени и покрај тоа што против себе имаме фаворит“, изјави Мицевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

