Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во “Куќа на фудбалот” оствари средба со битолските и македонските фудбалски величини, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.
Разговараа за актуелните фудбалски состојби во Битола и регионот.
Од развој на младите до гордоста на Битола, ФК Пелистер, се до стадионот “Тумбе кафе” како база за младите македонски репрезентации.
Во соработка со градоначалникот на општина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на ФФМ е Битола и “Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

