Мициќ: Бев блиску до потпис со Барселона

Василије Мициќ годинава замина во НБА лигата. Тој прво беше дел од Оклахома, од каде премина во Шарлот Хорнетс.

Српскиот дефанзивец остави огромна трага во Евролигата која двапати ја освои со Ефес. Тој не ја исклучи можноста во одреден момент од кариерата да се врати во Европа.

„Моето срце се уште е во Ефес, каде што поминав пет години. Доколку пак заиграм на Стариот континент, секако дека ќе дадам се од себе за да го изведам на врвно ниво. Ми се допаѓа Барселона. Тие се еден од најдобрите клубови во Евролигата. Во еден момент бев блиску до преселба во Каталонија, но трансферот пропадна поради некои околности“, изјави Мициќ.

Се вчитува...