„Мициќ-форија“ во Тел Авив по слетувањето на Србинот во Израел (ФОТО)

Српскиот репрезентативец Василије Мициќ доцна во ноќта слета во Тел Авив на големо задоволство на навивачите на Хапоел кои го пречекаа во голем број.

Мициќ по две сезони поминати во НБА лигата се врати назад во Европа и ја одбра понудата на дебитантот во Евролигата со што стана најплатениот кошаркар во најелитното европско кошаркарско првенство.

„Превозбуден сум што се приклучувам на Хапоел Тел Авив и што ќе бидам дел од оваа историска сезона со деби во Евролигата. Многу ме инспирира проектот кој го гради Хапоел со амбиција и јасна визија за иднината. Навистина уживав во разговорот со Димитрис Итудис и се радувам на соработката со него. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот да оствари успех и да ги исполни очекувањата. Едвај чекам да дадам се за овие навивачи“, изјави Мициќ.

Се вчитува...