Василије Мициќ по пет години поминати во Анадолу Ефес заминува од турскиот евролигаш и кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, потточно во Оклахома Сити Тандер.
Србинот кој од турскиот тим заминува со голем број признанија меѓу кои и две титули и МВП признанија во Евролигата, три шампионски титули и МВП признание од титулата освоена изминатата сезона емотивно се збогуваше со соиграчите и останатите членови на тимот, медицински лица и пријатели кој ги именуваше од прв до последен.
„Драг Ефес,
По пет години поминати заедно дојде време да се разделиме. Немам зборови со кои можам да изразам колку го сакав секој момент поминат во овој клуб и колку сум благодарен што сум дел од Анадолу Ефес. Сакам да им се заблагодарам на сите членови на клубот, тренери, медицински лица, на сите мои соиграчи и секако на навивачите кои ми помогнаа да ги остварам моите лични цели, тимски успех и да ги остварам моите сонови. Од се срце – благодарам и ве сакам. Засекогаш дете на Ефес. Се гледаме наскоро“, стои во дел од објавата на Мициќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА