Мициќ: Не размислувам за враќање во Европа, ќе се борам за место во НБА

Српскиот кошаркар Василије Мициќ кој важеше за еден од најдобрите играчи во Еворпа не се прослави во НБА лигата. Во две сезони претрпе два трејда па во иднина ќе настапува и за третиот тим, Феникс Санс.

Триесетиедногодишниот бек се поврзуваше со враќање во Европа, но како што вели самиот се додека има договор со НБА екипа не размислува за оваа опација.

„Искрено, ниту во еден момент не размислив за враќање во Европа. Причинта за моето доаѓање тука е личен предизвик, излез од комфорт зона. Искрено, не очекував вакво нешто, но се додека имам договор, останувам во НБА и ќе бидам посветен на првенството“, изјави Мициќ.

Србинот кој како МВП го предводеше Ефес до евролигашките титули во 2021 и 2022 година во моментот се рехабилитира од повреда на скочниот зглоб на левата нога.

Се вчитува...