Мициќ се враќа во Евролигата, ќе игра за дебитантот

Василије Мициќ по две сезони поминати во НБА лигата се враќа назад во Европа и ќе настапува за дебитантот во сезоната 2025/26, Хапоел Тел Авив, пренесува шпанскиот медиум „Encestando“.

Израелскиот клуб оваа сезона го освои Еврокупот и во новата сезона ќе биде дел од најсилното европско кошаркарско првенство. Очекувањата се дека ќе биде предводен од Мициќ кој ќе стана најплатниот кошаркар во Евролигата.

Мициќ по две МВП сезони во Евролигата се пресели во НБА каде настапуваше за Оклахома, Шарлот и Феникс. Претходно ги бранеше боите и на Мега, Баерн Минхен, Црвена Звезда, Тофаш и Жалгирис.

Се вчитува...