Василије Мициќ имаше одлична вечер во НБА лигата во кој со 21 поен беше лидер на својот Шарлот во поразот од Феникс. Српскиот репрезентативец притоа го имаше и потегот на натпреварот во кој во дриблинг го прати Кевин Дурент „по бурек“ па беше запрашан за овој момент и по средбата.
Триесетгодишникот не беше импресиран од својот потег изјавувајќи дека на оваа возраст еден потег нема да му смени ништо во кариерата.
„Искрено имав среќа бидејќи реагирав во вистински момент. Мислам дека денеска не беше премногу расположен за игра. Тој е неверојатен играч, еден од моите омилен, еден од најталентираните кои сум ги видел. Имам 30 години, тоа не е нешто што ќе ми ја промени кариерата. И јас „лизгав“ неколку пати, поготово откако дојдов во НБА. Тоа не е нешто значајно“, изјави Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

