Српскиот репрезентативец и кошаркар на Шарлот Хорнетс, Василије Мициќ ја коментираше можноста да игра со Никола Јокиќ во Денвер Нагетс.
По неговите одлични настапи на Олимписките игри во Париз, јавноста во Америка почна да шпекулира за наводната преселба на Мициќ во франшизата во Колорадо ова лето, каде тој повторно ќе ја дели соблекувалната со Јокиќ, со кој некогаш играше во Мега.
Мициќ по големата европска кариера се пресели во НБА и настапуваше за Оклахома, која во февруари го трејдуваше во Шарлот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА